Русија и Турција пред договор за С-400 „Триумф“: 100% локализација на производството невозможна

Дмитриј Виноградов/RIA Novosti
Чемезов (Ростех): „Дури и да сакавме такво нешто, Турција тешко дека би можела на својата територија во целост да организира производство на суперсложени системи како што е С-400 „Триумф“. За такво нешто е потребно да се има соодветно школо“.

„Преговорите се и понатаму во тек и се наоѓаат практично во завршна фази. Сметам дека Турција нема во последен момент да се откаже од набавка на вториот контингент ПВО-системи С-400 „Триумф“, изјави за веб-порталот РГ  првиот човек на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов.

Покрај тоа, тој додаде дека во договорот се разгледува опција за локализација на производството на одделни компоненти на овој систем.

„Воопшто не се разгледува 100% локализација на производството кога е во прашање системот С-400. Дури и да сакавме такво нешто, Турција тешко дека би можела на својата територија во целост да организира производство на суперсложени системи како што е С-400 „Триумф“. За такво нешто е потребно да се има соодветно школо“, категоричен е Чемезов.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња