Русија се договори со Турција за нови испораки на противвоздушни системи С-400, пишува РИА „Новости”, повикувајќи се на изјавата на раководителот на секретаријатот за одбранбена индустрија на Турција Исмаил Демир.
„Склучивме принципиелен договор за испорака на вториот комплет С-400. Останаа техничките детали“, истакна претставникот на Анкара.
Тој исто така потврди дека Турција ќе ги стави во употреба противвоздушните системи и покрај одложувањето поради епидемијата на коронавирусот.
Првично беше најавено дека Турција ќе ги воведе во употреба системите С-400 во април или мај 2020 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче