Два авиона Су-35 полетаа заради учество во заеднички маневри со стратешките бомбардери кои долетаа од саратовската воздухопловна база „Енгелс“. Ловците тренираа следење стратешки бомбардери, а потоа еден од нив изведе лукав трик - се сокри од радарите на противвоздухопловната одбрана.
„Еден Су-35 беше оддалечен два километра од ракетоносните бомбардери и патролираше, додека вториот му се приближи на авион Ту-95МС на безбедна дистанца и ги измами копнените средства на противвоздухопловната одбрана“, велат од информативната служба на Западниот воен округ.
Потоа екипажите на Су-35 изведоа сложени потези имитирајќи воздушен двобој, по што се вратија на аеродромот.