Вакцината „Спутник V“ се прави во нов формат

Dwi Anoraganingrum via www.imago/Global Look Press
Вакцината против коронавирус „Спутник V“ ќе биде направена во вид на капки за нос.

Планирано е истражувањето за новиот формат на вакцината да почне во април, изјави министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров во интервју за агенцијата „Интерфакс“.

„Сега институтот „Гамалеја“ и компанијата „Генериум“ работат на интраназална форма на вакцината, а клиничкото испитување на новиот формат би требало да почне во април, по што би следело сериско производство“, рече Мантуров.

Претходно директорот на центарот „Гамалеја“ Александар Гинцбург изјави дека вакцината во вид на капки може да биде погодна за децата, затоа што таквиот формат е полесен за користење за таа старосна група.

Тестирањето на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ врз деца може да почне во јуни. Како што прецизира Гинцбург, пред почетокот на тестирањата врз деца секој лек мора целосно да биде испитан врз возрасни.

Прочитајте повеќе: Креаторите на „Спутник Vˮ објавија извештај за сите ТРИ фази на испитувањата. ГЛАВНИ ЗАКЛУЧОЦИ

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња