Министерството за здравство на Русија даде дозвола за тестирање на вакцината „Спутник Лајт“

Hasan Bratic/Global Look Press
Имунитетот по вакцинацијата со „лајт“ верзијата на вакцината ќе трае три до четири месеци, а нејзината ефикасност ќе биде околу 85%. Подразбира само една инјекција и пократок период на создавање антитела.

Испитувањата на вакцината „Спутник лајт - 2020“ ќе траат до крајот на 2021 година, а ќе учествуваат 150 доброволци.

Претходно директорот на центарот „Гамалеја“ Александар Гинцбург изјави дека имунитетот по вакцинацијата со „лајт“ верзијата на вакцината најверојатно ќе трае три до четири месеци, а нејзината ефикасност ќе биде околу 85%. Подразбира само една инјекција и пократок период на создавање антитела. 

Дури и ако вакцинираното лице се зарази со коронавирус непосредно по вакцинацијата ќе бидат исклучени потешките облици на таа болест, затоа што причинителот на вирусот нема да се спушти на белите дробови и сé ќе заврши на ниво на акутна респираторна инфекција, рече Гинцбург. За да се продолжи заштитата, втората компонента на вакцината може да се прими по три месеци.

Како што прецизираше Гинцбург, Русите и понатаму ќе бидат вакцинирани со „Спутник V“, а полесната верзија би можела да се испорачува во странство.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња