„АстраЗенека“ ќе испита комбинација од своја и руска вакцина

Игор Иванко/Agencija Moskva

Вакцината против коронавирус, која Универзитетот во Оксфорд ја разви во соработка со британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ (AstraZeneca), би можела да биде поефикасна во комбинација со други препарати, вклучувајќи ја и руската вакцина „Спутник V“, пренесуваат руските медиуми.

Ова во емисијата „Ендрју Мар Шоу“ на Би-би-си го изјави професорката од Универзитетот во Оксфорд Сара Гилберт, раководител на работата над вакцината.

Творците на „Спутник V“ кон крајот на ноември ѝ предложија на „АстраЗенека“ заеднички испитувања на препаратот. „Ако се одлучат за ново клиничко испитување, предлагаме да испробаат комбиниран режим на вакцината на „АстраЗенека“ со „Спутник V“ заради подобрување на ефикасноста. Комбинираните вакцини можат да станат важни за ревакцинација“, забележаа творците на руската вакцина.

„АстраЗенека“ се согласи со тој предлог и компанијата на 11 декември започна со клинички испитувања на комбинација од сопствената вакцина со руската „Спутник V“. Како што изјавија од „АстраЗенека“, истражувањето на различни начини на употреба на вакцината ќе помогне во создавање пофлексибилни распореди за вакцинација и ќе им овозможи на лекарите поширок избор на пристапи за превенција на коронавирусот. Се очекува комбинацијата на британската и руската вакцина да резултира со зајакнат имунолошки одговор.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња