„Телеграм“ во јануари 2021 година стана најмасовно даунлодираната апликација на светот, соопшти основачот на месинџерот Павел Дуров.
Тој истакна дека во текот на последните седум и пол години апликацијата „константно напредуваше на ранг-листите на популарни апликации“. Секоја година базата на корисници се зголемувала за преку 40%.
„Во што се крие нашата тајна? Во доследноста. Во текот на последните седум и пол години доследно ја штитевме поверливоста мна податоците на нашите корисници и редовно ги унапредувавме квалитетот и понудата на нашите апликацииˮ, напиша Дуров на својот телеграм-канал.
Се проценува дека вредноста на „Телеграм“ е преку 20 милијарди долари. Месинџерот денеска го користат повеќе од 570 милиони луѓе, од кои 100 милиони му се приклучија на „Телеграм“ во јануари.
Прочитајте повеќе: Сè што треба да знаете за рускиот месинџер Телеграм со 500 милиони корисници