Генералниот директор на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ (Тактическое ракетное вооружение)) Борис Обносов даде интервју за списанието „Росијскиј промишлени курјер“ (Российский промышленный курьер). Меѓу другото, тој го опиша перспективниот систем на наведувани проектили „Гром-Е“. Претходно производителот соопшти дека го прави овој систем за авионот-ловец Су-57. Неодамна во медиумите се појави информација дека токму овој проектил е тестиран кај јуришниот дрон „Охотник“, кој служи како придружно беспилотно летало на авионот-ловец Су-57.
Како што објасни Обносов, „Гром-Е“ е направен врз база на модуларната наведувана ракета Х-38МЕ (Х-38МЭ).
„Модуларниот принцип врз кој е заснован овој проектил дава практично неограничени можности за создавање модификации со различни типови борбена опрема и системи за наведување“, рече тој. „А високите летечко-технички карактеристики овозможуваат да се реализира практично кружна зона на дострел, вклучувајќи ја и задната полусфера. Така се обезбедува примена на овој проектил против сите видови цели, независно од нивната подвижност.
Шефот на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ исто така соопшти дека успешно се тестираат перспективните авионски бомби КАБ-250 и КАБ-250ЛГ-Е (КАБ-250ЛГ-Э) за авионот-ловец Су-57. Во завршна фаза е тестирањето на новите наведувани паметни авионски бомби УПАБ со калибар 500 и 1500 килограми со термовизиска глава за самонаведување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче