„Орион“ претставува тактичко беспилотно летало со зголемена автономија на летање. Во неговиот состав влегуваат беспилотно летало, систем за автоматско полетување и слетување, копнена станица за наведување и техничките елементи неопходни за негово одржување.
Основната единица составена од тактички беспилотни летала „Орион“ се состои од 3-6 апарати, како и два копнени мобилни пункта за нивно управување. Основната задача на оваа единица е изведување најкомплексни форми на извидувачки мисии во оперативна зона кои со својот радиус на дејство ги покриваат овие беспилотни летала.
Леталото е проектирано за операции на патролирање, извидување и следење различни објекти со способности за наведување на огнот (бомбардери, артилерија) и негови корекции. На овој план руските инженери го унапредија постојниот оптоелектронски и навигациски пакет и го направија совршено за вакви задачи. Покрај задачи за откривање, наведување и корекција на огнот, „Орион“ има можност да се пренамени и во ударно беспилотно летало кое ќе може да носи високопрецизно вооружување од класата „воздух-земја“.
Основни тактичко-техничко податоци на беспилотното летало „Орион“:
И тоа не е сé. Според британскиот веб-портал Jane's, производната група „Кронштат“ врз база на овој дрон развива и уште посовршена верзија на беспилотното летало со голем домет со ознака „Орион-2“. Неговата маса ќе изнесува цели пет тони и ќе има способност да се подигне во стратосферата (горна граница на летање 12000 метри) и притоа да оствари брзина од 350 км/час.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче