Унгарија стана првата земја во Европската унија што ја одобрила руската вакцина „Спутник V“

Keystone Press Agency/Global Look Press
Вакцината е регистрирана по итна постапка.

Унгарија ја одобри употребата на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“, како и вакцината на компанијата „АстраЗенека“, соопшти портпаролот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува ТАСС.

Во средата унгарскиот портал index.hu напиша дека Националниот фармаколошки институт на Унгарија ја завршил проверката на документацијата за руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ и ја одобрил употребата на наведениот препарат.

Портпаролот на унгарскиот премиер ги потврди изјавите што се појавија во медиумите. Според него, министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сиарто вчера заминал за Москва на официјален состанок за споменатата вакцина.

Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) ја потврди регистрацијата на вакцината „Спутник V“, се вели во соопштението на фондот.

„Со тоа Унгарија стана првата земја-членка на ЕУ која официјално одобрила употреба на руската вакцина „Спутник V“ на своја територија. Вакцината е регистрирана по итна постапка, врз основа на податоците добиени од клиничките испитувања на вакцината „Спутник V“ во Русија, како и од независното мислење од унгарски експерти“, се вели во соопштението.

Унгарија беше првата земја-членка на ЕУ која во ноември 2020 ги доби првите дози на руската вакцина „Спутник V“ за спроведување дополнителни истражувања.



При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња