Според неговите зборови, во летот учествувал најискусниот пилотски и технички кадар. Во текот на летот на висина од преку 6000 метри и при брзина од околу 500 километри на час авиони-танкери Ил-78 трипати наточиле 130 тони гориво во секој Ту-160.
„Ваков број полнења на резервоари и прием на толкаво количество гориво во текот на еден лет на овој тип авиони е реализиран за првпат“, истакнува Олег Пчела.
Тој додава дека пилотите морале да поминат повеќе од 16 часа во специјални морски скафандери во текот на летот над неутралните води на дел од Северниот леден океан, Тихиот океан, Карското, Лаптевското, Источносибирското, Чукотското и Баренцовото море.
Според генерал-мајорот, опремата во авионот му овозможува на екипажот да си подготви храна, да си свари кафе или чај. Во авионот има и еден вид микробранова печка. Тоа обезбедува услови за толку долг лет.
Пилотите по слетувањето изјавија дека биле подготвени да го продолжат летот. „Овој лет, како и многу други, покажа дека стратешката авијација е во состојба да исполнува задачи во секоја точка на планетата“, истакнува Олег Пчела.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче