Погледнете „прошетка на слонови“ на Ан-124 „Руслан“ на видеоснимка

На аеродромот Сешча во Брјанск првпат во Русија во воздух се подигнаа шест огромни воено-транспортни авиони Ан-124 „Руслан“.

Тоа се случи во рамките на заедничките вежби на два авионски полка – Сешченскиот и Тверскиот.

Целта на летот беше унапредување на вештините на младите екипажи во истовремено префрлување на големи растојанија на единици со стандардно вооружување и техника, велат од Министерството за одбрана на РФ.

Летовите се реализираа на висина од преку 4000 метри при просечна брзина од 500 километри на час, додека должината на рутата изнесуваше преку 600 километри.

Екипажите на авионите „Руслан“ реализираа полетување, приземјување и летови на зададена рута. Вежбата беше спроведена во сложени метеоролошки услови, при ниски облаци, снег и силни удари на ветрот.

„Прошетка на слонови“ е тактичка вежба на Военото воздухопловство на САД која се користи за брзо полетување на големи единици. Авионите истовремено излегуваат на писта и полетуваат во минимални временски интервали.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња