Су-35С
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressУлогата на авионот кој го наруши воздушниот простор ја играше ловец Су-30СМ. Тој не одговараше на барања. Наместо тоа, се обиде да се приближи и да изврши „ракетен напад“ врз важни објекти во Хабарсовскиот крај.
„За пресретнување на условниот непријател беа подигнати ловци Су-35С од еден аеродром во Источниот воен округ. Пилотите успешно ја открија и класификуваа целта, а потоа изведоа школско (електронско) лансирање ракети од класата „воздух-воздух“, се вели во соопштението.
Задачата беше плански отежната така што Су-35С го бараа „прекршителот“ самостојно, со минимално користење на можностите на средствата за ПВО од земја.
Су-35 е руски повеќенаменски суперманеварски ловец од генерацијата 4++. Ова летало според своите карактеристики е многу близу до авион од петтата генерација. Во прашање е длабока модернизација на авионот Су-27. Модернизацијата се однесуваше како на опремата во кабината, така и на конструкцијата, која е зајакната.
Покрај тоа, авионот доби значително помоќен радар, проширен арсенал наведувани проектили, вклучувајќи и ракети со голем дострел кои се наведуваат врз целта со помош на радиолокатор.
Су-30СМ е модификација на моделот Су-30. Има суперманеварски можности, радар со фазирана антенска решетка, мотори со управлив вектор на потисок и пар предни хоризонтални крила. Овој ловец може да применува современо и перспективно високопрецизно оружје од класите „воздух-воздух“ и „воздух-земја“.
Су-30 е направен врз база на моделот Су-27УБ. Радарот со активна антенска решетка овозможи ловецот да добие дел од функциите кои во управувањето со група ги има авионот за откривање цели на големи растојанија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче