Лабораторијата за вештачка интелигенција на „Сбер“ направи алгоритам кој за 60 секунди според звуците на дишењето, гласот и кашлањето може да ја процени веројатноста за заразеност со коронвирус. Ова за агенцијата ТАСС во вторникот го соопшти првиот заменик-претседател на Управниот одбор на „Сбербанк“ Александар Ведјахин.
„Присуството на вирусот се детектира врз основа на резултатите од кратката анкета поврзана со симптомите и врз основа на звучните модели за глас, дишење и кашлање. Аудио-фајловите се прикажуваат во вид на спектрограм кој ја покажува енергијата на звукот на различни фреквенции, и понатаму се врши анализа со помош на длабока суперпрецизна невронска мрежа. За учење мрежата ги користи само податоците во слободен пристап. Во прашање се преку илјада примероци на звуци на дишење и кашлање кои во руските болници се собрани од пациенти со дијагноза COVID-19“, рече Ведјахин.
Тој прецизира дека не се работи за инструмент за медицинска дијагностика туку повеќе за секојдневно самостојно тестирање. Тестот трае една минута.
„Во најскоро време планираме да направиме специјална апликација која ќе биде достапна на App Store и Google Play. Со тоа ќе биде овозможено уште подобро подесување на прецизноста на моделот и истовремено давање поддршка на актуелната медицинска тема“, рече претставникот на „Сбербанк“.
Според него, квалитетот на моделот со текот на времето ќе биде сé подобар, затоа што ќе се зголемува обемот на податоци кои се собираат преку мобилната апликација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче