„Федералната служба за надзор во сферата на заштитата на правата на потрошувачите и доброто на човекот, централниот научно-истражувачки институт за епидемиологија на „Роспотребнадзор“, научниот центар „Вектор“ во соработка со „Аерофлот“ и Националниот медицински центар за хирургија „Пирогов“ покренаа истражувачки проект со цел да развијат метод на неинвазивна брза идентификација на носители на новиот коронавирус со помош на кучиња“, се наведува во соопштението.
Како што се истакнува, кинолошката служба на „Аерофлот“ веќе започнала со обука на службените кучиња.
Со можноста за примена на кучиња за брз скрининг на заболени од болеста Ковид-19 веќе се занимаваа неколку групи научници. Така во Германија како примерок за анализа е користена плуканка. По обуката животните успешно ја совладаа идентификацијата на заболени во 94 отсто од случаите.
Како што истакнуваат научниците, кучињата не ја идентификуваат инфекцијата со новиот коронавирус туку постоењето на воспалителен процес во организмот. Притоа кучињата исто така се подложени на заразување со новиот коронавирус. Првото во светот куче кое почина од корона е овчарот од САД Бади. Неговите сопственици ја забележале болеста кога нивното милениче почнало тешко да дише.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче