Системот е наменет да ги замени ПВО-системите С-300ПС, примени во вооружувањето уште во 1982 година, пишува „Росијскаја газета“.
Првиот систем С-350 беше распореден минатата година за обука на специјалисти од противвоздушните сили во Центар за обука во Ленинградската област.
Според мислењето на експертите, најновиот комплекс за противвоздушна одбрана (ПВО) ќе ја зголеми за четири пати ефикасноста во одбивањето масовни напади со крстосувачки ракети врз најважните објекти на земјата. Во исто време, С-350 работи во тесна соработка со противвоздушните системи со долг дострел С-300В4, С-400 и С-500.
Еден лансер С-350 „Витез“ може да носи до 12 ракети со дострел од 15 до 120 километри. Покрај тоа, ракетата 9M96E2 може да пресретне цели кои летаат со брзина до 4800 метри во секунда. Како резултат на тоа, С-350 обезбедува заштита од три нивоа на среден и краток опсег за системи за противвоздушна одбрана со подолг дострел.
Освен тоа, како што соопштува прес-службата на Министерството за одбрана на Русија, во текот на изминатата година во единиците за ПВО во Свердловската, Самарската и Сахалинската област беа распоредени четири полка С-400 „Триумф“ и 24 противвоздушни ракетно-топовски системи „Панцир-С“.
Во 2021 година во Воздушно-космичките сили на Русија се планира да влезат во вооружување два полковски комплети С-400 „Триумф“ и 18 ПВО-системи „Панцир-С“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче