Со колку воени сателити располага орбиталната група на руските ВКС?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Космичките сили на руските ВКС во текот на изминатата година реализираа 15 лансирања на сателити за различни намени. Во Земјината орбита беа поставени 21 руски вселенски апарат.

Вкупно, како што соопштува прес-службата на Министерството за одбрана на РФ, во состав на орбиталната група на Русија денес има повеќе од 160 вселенски апарати со различна намена. Од нив 60% се управуваат во автоматски режим.

Покрај тоа, Главниот вселенски центар за тестирање „Титов“ доби пет модерни станици за сателитска комуникација. Се развиваат и системи за команда и мерење од нова генерација за повторно опремување на одделни системи за команда и мерење.

„Пуштањето во употреба на унифицирани средства за команда и мерење ќе овозможи премин кон нови технологии за контрола на вселенските летала на руската орбитална група“, се вели во соопштението што го шренесува „Росијскаја газета“.

Прочитајте повеќе: „Роскосмос“ пронајде начин да ја блокира работата на шпионските сателити