ВИДЕО: Погледнете кадри од сместување на „Авангард“ во лансирен силос

Скриншот
Руското Министерство за одбрана објави снимка од сместување на интерконтинентална балистичка ракета на комплексот „Авангард“ во ракетен силос. Видеото е снимено во Оренбуршката област, каде што првата единица на Ракетните сили за стратешка намена се вооружи со новата ракета.

Претходно телевизискиот канал „Ѕвезда“ објави видео во кое е прикажан „Авангард“ одблизу, а сега Министерството за одбрана на РФ овозможи и детално да се разгледаат неговите стартни позиции. Лансирниот силос е покриен со дебела блиндирана плоча со големина на детско игралиште. Кога моќниот механизам ја крева, се чини како да се отвора Пандорината кутија. Транспортно-лансирниот контејнер и ракетата во него се поставуваат вертикално и се спуштаат во силосот. На страните на дебелиот цилиндер има цевководи, меѓу кои има и систем за ладење на нуклеарното полнење. Капакот на силосот, за среќа, се затвори.

„Ракетниот комплекс „Авангард“ со хиперсоничен блок ефективно ќе го дополни системот за вооружување на Ракетните сили за стратешка намена и ќе ги прошири борбените можности на групата. Вооружувањето овозможи да се зголеми уделот на современите ракетни комплекси за стратешка намена и да се зголемат можностите на единиците за извршување на задачите за нуклеарно одвраќање“, истакнуваат од воениот ресор, пренесува „Росијскаја газета“.

Првпат за постоењето на балистичка ракета со хиперсонична боева глава во арсеналот на Русија во 2018 година објави претседателот Владимир Путин. Тој го спореди „Авангард“ со огнен балон и метеорит. Според информациите од отворени извори, блокот го доставува до целта балистичка ракета УР-100Н УТТХ, наменета за пробивање на непријателската противракетна одбрана. Комплексот „Авангард“ беше примен на борбено дежурство во декември 2019 година. Во септември 2020 година Путин го награди конструкторот на системот Герберт Ефремов со орден „Андреј Првозвани со мечови“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња