„Национален Интерес“: Рускиот „Авангард“ е сериозен предизвик за САД

Скриншот
Американскиот публицист Питер Сучиу во статија за „Национален Интерес“ го коментира создавањето на рускиот хиперсоничен блок „Авангард“. Според него, тоа оружје е сериозен предизвик за САД.

„Авангард“ има хиперсонична брзина и е способен да маневрира во атмосферата, што го отежнува противдејството и обезбедува неповредливост, пишува авторот. Тој потсетува на изјавата на Кина дека руските хиперсонични интерконтинентални балистички ракети со нуклеарни боеви глави можат да ја „опустошат“ одбраната на САД, пренесува РИА „Новости“, цитирана од „Росијскаја газета“.

Сучиу нагласува дека „Авангард“ е само една компонента на големиот руски арсенал. Во исто време, противракетната одбрана на САД е фокусирана само на пресретнување на „мал број“ интерконтинентални балистички ракети создадени од Северна Кореја, уверува авторот.

Ракетниот систем „Авангард“, заедно со други иновативни руски оружја, беше претставен од рускиот претседател Владимир Путин на 1 март 2018 година во обраќањето до Федералното собрание. Според него, таа боева глава е способна да развива брзина и до 20 пати поголема од онаа на звукот. Уште на крајот на 2019 година, првиот ракетен полк, вооружен со „Авангард“, беше ставен во режим на готовност.

Прочитајте повеќе: „Авангард“ ќе може да ја издржи температурата која се создава при брзина од 25000 км/ч

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња