„Штотуку им честитав на конструкторите на оружјето и креаторот на нашиот нов апарат, лебдечкиот блок „Авангард“. Веќе многупати имам зборувано за тоа. Тука се работи за ефектот на ескимо-сладоледот: лета и се топи. Температурата е речиси две илјади степени, малку помала отколку на Сонцето, но тој е во состојба да го задржи материјалот потребното време“, рече рускиот претседател на состанокот со енергетичарите.
За хиперсоничниот ракетен систем „Авангард“ Путин првпат зборуваше во обраќањето до Федералното собрание 2018 година. Тогаш тој ги претстави и другите најнови типови руско вооружување. Така Русија стана единствената земја која официјално соопшти дека располага со хиперсонично оружје.
Путин сравнил "Авангард" с эскимо: летит и плавится pic.twitter.com/EooHstJRUB
— Кремлевский пул РИА (@Kremlinpool_RIA) September 23, 2020
„Авангард“ е во состојба да изведува летови во густите слоеви на атмосферата на интерконтинентални растојанија со брзина која го надминува Маховиот број преку 20 пати. При движењето кон целта лебдечкиот крилат блок реализира таканаречено длабоко маневрирање, како бочно, по неколку илјади километри, така и по висина. Тоа го прави потполно недофатлив за сите системи за противвоздушна и противракетна одбрана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче