„Американската противракетна одбрана е насочена кон пресретнување помал број интерконтинентални балистички ракети кои може да ги лансира, на пример, некоја помала земја како Северна Кореја“, се наведува во текстот што го објавува магазинот „Национален Интерес“.
И макар што противвоздухопловната и противракетна одбрана на САД е ешалонизирана и силна, таа, како што наведува експертот Питер Сучиу, не може да одбие истовремен удар на хиперсонични и балистички ракети.
Како одговор САД засега можат само да го спротивстават развојот на своите хиперсонични блокови.
Претседателот на Русија Владимир Путин првпат зборуваше за создавањето на ракетата „Авангард“ во 2018 година. Движејќи се кон целта крстосувачкиот блок на ракетата „Авангард“ е во состојба при голема брзина да маневрира, што го прави недопирлив за кое било средство на ПРО.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче