ВИДЕО: Погледнете го централниот отсек на нуклеарната подморница „Казањ“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Нуклеарната подморница „Казањ“ се врати од финалната фаза на државните испитувања. Од прес-службата на „Севмаш“ објавија видео од пречекот на морнарите.

Според поморската традиција на морнарите им беше врачено печено прасе. На видеото се гледа и како изгледа подморницата однатре и какви се активностите на екипажот.

Како што напоменува „Росијскаја газета“, подморницата „Казањ“ ги реализираше државните испитувања во рамките на кои изврши гаѓање на различни цели. Најпрвин лансираше крстосувачка ракета „Калибар-ПК“ која успешно ја погоди целта на полигонот „Чижа“ во Архангељската област. Потоа екипажот погоди и морска мета со глава на крстосувачка ракета „Оникс“.  

По завршувањето на државните испитувања нуклеарниот подводен ракетен крстосувач „Казањ“ ќе биде примен во вооружувањето на Воената морнарица на Русија.