Бомбардерот Ту-160М е „светско достигнување во производството на мотори во 2020 годинаˮ

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Модернизираниот стратешки бомбардер Ту-160М со моторите НК-32-02 е ставен на списокот најзначајни светски достигнувања во сферата на производство на мотори за 2020 година. Рангирањето го објави водечкиот стручен магазин Aviation Week.

Новиот компресор и лопатките на турбините со оптимизирана геометрија, како и нивното подобрено ладење ја зголемија ефикасноста на потрошувачка на гориво на двопроточниот турбомлазен мотор, кој може да работи во режим со дополнително согорување, се наведува во текстот. Ту-160М е единствениот руски претставник кој се најде на оваа  ранг-листа.

Модернизираниот бомбардер со унапредени мотори првпат полета на 3 ноември во Казањ. Двочасовниот пробен лет беше изведен на висина од шест километри. Во текот на испитувањата беше оценета не само работата на погонскиот систем, туку и на останатите системи на авионот, како и новата радиоелектронска опрема. Летот помина без проблеми и забелешки.

Според податоците од достапните извори, економичните мотори го зголемиле дометот на дејство на авионот за илјада километри.