Новиот карабин АКВ-521 – главни карактеристики (ВИДЕО)

Скриншот
Концернот „Калашников“ продолжува да ги запознава љубителите на стрелечкото оружје со својот новитет, карабинот АКВ-521 со калибар 5,45х39.

По нецелосното расклопување на оружјето кое претходно беше демонстрирано, во новиот видеоприлог подетално се објаснети карактеристиките на прототипот.

АКВ-521 е 85% унифициран со карабинот TR3 (цивилна верзија на обновениот АК-12), но истовремено има и низа важни карактеристики според кои се разликува од него. Конструкцијата се дели на горен и долен дел на сандакот (upper и lower). Сега сандакот е од глодан челик, а во верзијата за сериско производство е планирано да биде од пресуван челик.

Регулаторот на огнот е направен за кажипрстот, т.е. според логиката стандардна за моделите АК. Регулаторот на огнот за левата рака од другата страна на цевката е во вертикална варијанта. Тоа е направено за да се обезбеди склопливост на кундакот и фиксирање на неговата положба.

Шината за оптика сега е неодвоива од цевката во сите фази на опслужување на карабинот (расклопување, склопување, чистење). Колиматорскиот нишан е на низок носач, така што истовремено може да се примени и Red Dot и механика.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња