„Национален Интерес“ ја прогласи „Волхов“ за најдобрата ненуклеарна подморница во Русија

Краснодар. Подморница од проектот 636.3 „Варшавјанка“ се враќа од мисија во Медитеранот.

Краснодар. Подморница од проектот 636.3 „Варшавјанка“ се враќа од мисија во Медитеранот.

Алексеј Павлишак/TASS

Подморниците од проектот 636.3 „Варшавјанка“ се најдобрите ненуклеарни подморници во Русија, а подморницата „Волхов“, која неодамна влезе во состав на Воената морнарица на Русија, е најновиот и најдобриот претставник на оваа серија. Ова го пишува во својот материјал за изданието „Национален Интерес“ авторот Кејлеб Ларсон.

Екипажот од 52 лица има шест торпедни апарати кои можат да истрелаат како торпеда од 533 мм, така и крстосувачки ракети „Калибар-ПЛ“. Сепак, најголемата предност на оваа класа подморници не е нејзината огнена моќ, туку екстремно ниското ниво на бучава, смета авторот на написот, цитиран од „Росијскаја газета“.

Подморниците од проектот 636 се нарекуваат „црни дупки“ во земјите на НАТО уште од времето на СССР - тие се неверојатно тешки за откривање. Модернизираните подморници според проектот 636.3 станаа уште потивки благодарение на новите мотори, чијашто акустика е дури и пониска од нивните претходници.

Трупот на подморницата е покриен со анехогени плочки - внатре има воздушни меури или празнини што го апсорбираат сигналот на непријателскиот сонар и спречуваат враќање на акустичните сигнали. И иако тие не гарантираат целосна „невидливост“ на подморницата, ефикасноста на сонарите, според различни проценки, само поради ова спаѓа на 10-15%.

Новата дизел-електрична подморница „Волхов“ влезе во состав на Тихоокеанската флота на 24 октомври. Нејзиниот опсег на дејство достигнува 12000 км, а работната длабочина е 240 м (максимум - 300). Нејзината автономија на пловидба е 45 дена.

Вкупно Тихоокеанската флота треба да се пополни со шест дизел-електрични подморници од проектот „Варшавјанка“. Првата е „Петропавловск-Камчатски“, а во моментов се градат „Магадан“ и „Уфа“.

Прочитајте повеќе: „Национален Интерес“ импресиониран од вооружувањето на новата руска подморница „Волхов“!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња