Две во едно: Русија работи на обединета вакцина против ковид и грип

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот државен научен центар за вирологија и биотехнологии „Векторˮ работи на вакцина која истовремено ќе ги штити луѓето и од коронавирусот SARS-CoV-2 и од грип.

„Проектот на обединета вакцина против коронавирус и сезонски грип е она над што денеска работиме“, изјави на 21 октомври директорот на оваа установа Ринат Максјутов на состанокот на форумот за дискусија „Валдајˮ, пренесува РИА „Новостиˮ.

Комбинацијата на грип и коронавирус е многу опасна. Неодамна научниците од Универзитетот во Ливерпул открија дека ако човек заболи најпрвин од едниот, па од другиот, ризикот од смртен исход е 6 пати поголем.

Во моментов во Русија е во тек интензивна вакцинација против грип. 

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин неодамна соопшти дека масовната вакцинација против коронавирус во рускиот главен град ќе почне во декември-јануари.