Во Москва кон крајот на годината ќе почне масовна вакцинација против коронавирус

Clara Margais/dpa/Global Look Press
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин е сигурен дека масовна вакцинација на граѓаните ќе донесе конечна победа над пандемијата.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека масовната вакцинација против коронавирус во рускиот главен град ќе почне во декември-јануари. Како што се наведува на на сајтот на градоначалникот, во ноември би требало да пристигнат „првите помалку или повеќе големи количини вакцина против коронавирус“.

Тој додаде дека масовната вакцинација ќе донесе конечна победа над пандемијата.

Освен тоа, Собјанин истакна дека за неколку дена во главниот град ќе започне проверка на фактичкото почитување на режимот на работа на далечина.

Собјанин додаде дека воведување полициски час, забрана за движење низ градот и забрана за влез и излез од земјата се крајни мерки. Тие се неприфатливи и невозможни.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња