Русите имаат и трета вакцина против корона што се вдишува?!

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руските научници се на добар пат да развијат уште една вакцина против коронавирус, потпирајќи се не само на вирологијата, туку и на генетиката.

На новата вакцина работат во Кримскиот федерален универзитет „Вернадски“.

Оваа вакцина може да се прими интраназално, односно да  се вдише и не се потребни инјекции, што е секако една од нејзините предности. Тестирањето на вакцината ќе започне штом ќе се реши прашањето на финансирање.

Проректорот за наука на Кримскиот универзитет Анатолиј Кубишкин рече дека државата не го финансирала овој проект бидејќи колективот немал доволно искуство во работата над вакцини. „И ние со свои средства ја продолживме работата. Ги објавивме резултатите во водечко светско списание. Светските научни кругови признаа дека идејата е добра и дека треба да се продолжи во тој правец“, изјави Кубишкин. 

Во Русија веќе се регистрирани две вакцини против корона – „Спутник V“ и „ЕпиВакКорона“.