Новите „плацкартни“ вагони (вагони од 3 класа без купе) на компанијата „Руски железници“. Макета на воз „Иволга“ на изложбата „Транспортот на Русија“.
Global Look PressСпоред заменик-генералниот директор на РЖД Дмитриј Пегов, тестирањето на новите вагони заради добивање сертификат почнува во првиот квартал на 2021 година, а во втората половина на 2021 година вагоните ќе бидат воведени во експлоатација.
Веќе се формирани две композиции. Тие најверојатно ќе сообраќаат на југот на Русија, пренесува „Интерфакс“.
Новите вагони ќе имаат отприлика иста внатрешна структура како и старите „плацкартни“ вагони, но битно ќе се разликуваат од нив според комфорот и функционалноста. Во нив, на пример, патниците на горните лежаи ќе имаат специјални скалила вградени во ѕид, како и завеса, така што ќе добијат личен простор кој однадвор не се гледа.
Меѓу патничките места ќе биде поставен голем вертикален орман со голем број полици. Секое место ќе има штекер и УСБ-влез за полнење електронски уреди. Најголемиот новитет ќе биде туш-кабината во секој вагон, со посебна полица за сапун и држач за крпи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче