„Руски железници“ најбезбедни во светот

Legion Media
Станува збор за глобалниот индекс на безбедност што го проценува Меѓународното здружение на железници, пренесуваат руските медиуми.

„Руски железници“ се најдоа на првото место во светот според критериумот безбедност, изјави генералниот директор на оваа компанија Олег Белозеров. Раководителот на „Руски железници“ зборуваше на пленарната седница на Советот на Федерацијата.

„Според критериумот безбедност го зазедовме првото место во светот. Не можам а да не забележам дека компанијата која се наоѓа на второто место заостанува дваесет отсто“, рече Белозеров.

Раководителот на „Руски железници“ зборувајќи во Советот на Федерацијата истакна дека искуството на компанијата внимателно го проучуваат меѓународни експерти и го применуваат железничките управи и компании на други држави.

Кон крајот на минатиот месец компанијата РЖД ги замоли патниците при купувањето на билет да назначат дали имаат медицинско образование, за да можат во случај на потреба во текот на патувањето да им дадат прва помош на оние на кои им е неопходна.

Погледнете повеќе: Како изгледаат новите вагони со купе за „Руски железници“ (ФОТОГРАФИИ)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња