„Руската машина за мелење месо“ спаѓа меѓу најопасните оружја на светот

Министерство за одбрана на Русија
Борбеното возило „Терминатор“, кое странците понекогаш го нарекуваат „руска машина за мелење месо“, спаѓа меѓу најопасните оружја на светот, тврди рускиот магазин „Ѕвездаˮ.

Авторите на текстот потсетуваат дека ова возило, кое може да „дејствува како во група за огнена поддршка, така и како самостојна оклопно-тенковска компонентаˮ, создадено врз база на шасија на тенк со комбиниран фронтален оклоп и блокови динамична заштита. Магазинот го споредува возилото „Терминатор“ со „борец од тешка категорија“. „Застрашувачките 44 тони се еднакви на масата на класичниот тенк Т-72 во сите модификации“, пишува магазинот.

Се наведува дека оружјето е опремено со парни автоматски топови со калибар 30 милиметри 2А42 со борбен комплет од 900 патрони, митралез ПКТ со калибар 7,62 милиметри, како и дека има четири лансери на системот „Атака-Т“ со наведувани ракети 9М-120 и автоматски минофрлачи со калибар 30 милиметри АГ-17Д. „Ова возило има широк спектар на дострели, од неколку стотици метри до шест или осум километри“, пишува магазинот.

Авторите на текстот наведуваат дека „Терминаторˮ треба да стане прототип на борбен робот кој може да учествува во борби без учество на човекот. Магазинот потоа пишува дека во 2017 година началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Валериј Герасимов му зборувал на претседателот на Сирија Башар Асад за „супермоќите“ на ова „возило на смртта“. 

Во јуни 2018 година американскиот магазин „Национален Интерес“ (The National Interest) објави дека напредното руско борбено возило за поддршка на тенковите „Терминатор“ од трета генерација, наменето за уништување беспилотни летала, е многу преоптоварено.

Во февруари истата година овој магазин напиша дека „Терминатор“, креиран врз основа на советскиот „Објект 781“, е еден од најмоќните и најинтересни модели во составот на руската војска.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња