„Тоа ќе ни овозможи да го забрзаме процесот и вакцината побргу да стане достапна за секого. Денес се вакцинирани првите учесници во испитувањето“, рече таа.
Властите на Москва и Националниот истражувачки центар „Гамалеја“ ги повикуваат жителите на главниот град на Русија да учествуваат во експериментот. Вакцинацијата е бесплатна, потребни се 40000 доброволци.
„Бројот на заинтересирани расте од ден на ден. Може дури и да се каже дека е во прашање еуфорија. Веќе официјално се пријавија преку 35000 Московјани. Сега испитувањето на вакцината против COVID се врши во шест медицински установи. Нивниот број ќе се зголеми така што ќе ги има 20“, додаде Ракова.
Според нејзините зборови, вакцината се прима во две фази. Во првата фаза на доброволците им се дава првата компонента на вакцината, а по 21 ден втората. Компонентите се разликуваат по активните супстанции, што е направено заради зголемување на заштитата што ја создава имуниот систем.
Претходно Министерството за здравство на РФ ја регистрираше првата вакцината на светот која спречува COVID-19. Вакцината ја направи Научниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и ја произведува заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции.
При првите испитувања препаратот формираше стабилен хуморален и клеточен одговор кај 100% од учесниците и не предизвика кај нив сериозни несакани последици според ниеден критериум.
Нивото на антитела кај вакцинираните доброволци е 1,4-1,5 пати поголем од нивото на антитела забележано кај лицата кои го преболеле COVID-19.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче