Шојгу ја прими руската вакцина против коронавирус

Скриншот / РИА Новости
На министрите за одбрана на земјите-членки на Заедницата на независни држави, Организацијата на Договорот за колективна безбедност и Шангајската организација за соработка, како и на Република Србија, им беше претставена руската вакцина против COVID-19.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу ја прими руската вакцина против инфекција од новиот коронавирус. Ова тој го соопшти одговарајќи на прашања од колегите.

Шојгу додаде дека „како што Вооружените сили на Русија ќе ја добиваат вакцината, можност на доброволна основа да се вакцинираат пред сé ќе имаат оние категории на припадници на војската кои непосредно и интензивно контактираат со војниците: воените лекари и командантите од сите нивоа“.  

„Потоа, на доброволна основа, вакцини против коронавирус ќе можат да добијат другите категории припадници на Вооружените сили на Русија“, истакна генералн Сергеј Шојгу.

Стручњаците на Министерството за одбрана на Русија одржаа презентација на првата регистрирана вакцина против коронавирус за шефовите на воените ресори на земјите од Заедницата на независни држави, Организацијата на Договорот за колективна безбедност и Шангајската организација за соработка, како и на Република Србија, кои на 4 септември дојдоа во подмосковскиот парк „Патриот“ заради учество на заедничко заседание.

Во текот на излагањето на руските воени лекари странските гости добија детални информации за комплексот заеднички активности на научноистражувачките установи на Министерството за одбрана на Русија и Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во рамките на изработката и тестирањето на вакцината, како и за текот на вакцинацијата.

Презентацијата на првата регистрирана вакцина во светот против COVID-19 предизвика дискусија меѓу шефовите на странските воени ресори, при што многумина меѓу нив изразија заинтересираност да ја добијат.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња