Су-30 влезе во употреба во 1996 година како подобрена верзија на Су-27. Од својот претходник ловецот ја наследи конструкцијата р со одличната маневарбилност, доби помоќни мотори (првпат во светот - со контролиран вектор на потисок), намалена тежина и е направен невидлив за радарите поради широко распространетата употреба на композитни материјали и, што е најважно, универзален е.
Су-27 беше чист ловец - тешка машина за постигнување супериорност во воздухот. По задржувањето на сите овие функции, Су-30 доби опрема и оружје за ефикасна работа врз копнени и морски цели. Второво го направи особено привлечен во Југоисточна Азија, каде што повеќето земји мораат да ги бранат своите поморски граници, пишува „Росијскаја газета“, цитирајќи го Military Watch.
Со сите овие предности, Су-30 се покажа како евтин во споредба со своите американски колеги. Не е изненадувачки што странските купувачи стоеја во ред за него. Кина беше првата земја што доби скоро 100 авиони, по што Индија купи 250 машини Су-30МКИ. Тие дури поставија и лиценцирано производство, но се покажа дека ловецот од локално производство е двојно поскап од оној донесен од Русија.
Белорусија и Венецуела, Виетнам и Индонезија, Малезија и Мјанмар - Flanker се продава ширум светот како врел леб на пазарен ден. Најновите нарачки дојдоа од Ангола, Ерменија и Казахстан, а Белорусија исто така одлучи да ја надгради својата флота со тоа што ја порача најновата модификација Су-30СМ.
Иран размислува да купи лиценца и да произведе Су-30 дома. Шри Ланка и Етиопија се исто така потенцијални купувачи на авионот. Африканската држава веќе користи Су-27 и бара замени за застарениот Миг-23 во услови на растечки тензии со своите арапски соседи. По обновувањето на флотата на Ерменија, и Азербејџан помисли да купи Flanker. Египет исто така може да стане потенцијален клиент - нарача Су-35, а овие два авиона добро се комбинираат.
Русија планира нови подобрувања на успешниот ловец. Во догледна иднина, Су-30 ќе добие мотори АЛ-41, помоќен радар и низа хиперсонична муниција, како противбродска, така и од класата „воздух-воздух“. Се очекува тоа значително да го зголеми интересот за авионот на меѓународниот пазар. Според експертите, Су-30 ќе остане на монтажната линија најмалку до 2030 година бидејќи непрестајно се подобрува.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче