Пристигнува нова верзија на тешкиот ловец Су-30 со уште помоќни мотори

Вадим Савицки/TASS
Во Русија е конструирана нова варијанта на повеќенаменскиот ловец од тешка категорија Су-30СМД која ќе ги користи најсовремените авионски мотори што во овој момент ги произведува руската воздухопловна воена индустрија.

„ОКБ „Сухој“ започна опитно-конструкторска работа под шифрата Су-30СМД. Оваа модификација ќе биде опремена со моторите АЛ-41Ф-1С кои се дел од стандардната опрема на ловецот од генерацијата 4++ Су-35“, изјави за интернет-порталот „Интерфакс“ извор од руската воена индустрија.

Работата над овој воздухоплов се изведува во соработка со корпорацијата „Иркут“, која сериски ги произведува апаратите Су-30СМ. Летечко-техничките испитувања на новата модификација со посилни мотори се планирани за наредната 2020 година. Доколку сѐ помине во најдобар ред, се очекува новата модификација да добие дозвола за почеток на сериското производство која ќе биде опремена со моторите АЛ-41Ф-1С. Покрај авионот Су-35, мотори од типот АЛ-41Ф-1С користеа и првите опитни типови на ловецот од петтата генерација Т-50 (Су-57).

Високотемпературниот двопроточен турбо-млазен мотор АЛ-41Ф отпрвин беше проектиран за МиГ-1.44, кој уште за време на СССР беше сметан за прв авион од петта генерација. По колапсот на СССР, а со самото тоа и на тој проект, новиот мотор кој беше развиен за овој авион ги имаше сите карактеристики на мотор за 21 век. Според масата беше лесен, економичен, му дозволуваше на авионот да достигне надзвучна брзина на крстосување без моторот да влезе во режим на дополнително согорување - „форсаж“.

Погледнете го видеото: Акробатски лет на Су-30 снимен од пилотска кабина

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња