The Drive импресиониран од декласифицираниот филм за „Цар-бомбата“

Максим Змеев/Reuters
За прв пат излегува филм за тестирањето на нуклеарното оружје под кодно име „Иван“, попознато како „Цар-бомба“.

The Drive не можеше да го игнорира документарецот, кој детално раскажува за тестирањата на 50-мегатонската атомска бомба во СССР. Филмот е создаден од претходно класифицираната архива на компанијата „Росатом“ и е по повод 75-годишнината од основањето на нуклеарната индустрија во Русија, соопштува „Росијскаја газета“.

Статијата потсетува дека „чудовишнотое оружје“, чија моќ е еднаква на 50 милиони тони ТНТ, беше лансирано над Нова земја во Северениот леден океан на 30 октомври 1961 година. До неодамна, достапните слики од овие тестови беа ограничени на неколку кратки видеа со висок шум и фотографии со низок квалитет.

На почетокот на филмот можете да се види како склопената бомба е натоварена во специјален вагон и се доставува со воз до воздухопловната база „Олења“ во близина на Оленегорск на полуостровот Кола. „Интересно е што варијантите на четиримоторниот бомбардер Ту-95 „Мечка“, кој носи деструктивен товар, остануваат во функција до ден-денес, иако во значително модернизирана форма“, вели авторот.

Како носач на „Цар-бомбата“ е користен Ту-95Б - специјално модифициран стратешки бомбардер од првата генерација со зголемен и зајакнат отсек за бомби.

Филмот дава можност да се најдете во пилотската кабина на Ту-95Б и да видите како членовите на екипажот ставаат заштитни очила пред да ја фрлат бомбата. Експлозијата е снимена од различни точки, вклучително и од воздух. Бомбардерот е придружуван од уште два други авиони, вклучително и Ту-16, кој служи како „летачка лабораторија“. Тој е опремен со камери, опрема за радиотелеметрија, осцилоскопи за одредување на моќноста на експлозијата и уреди за регистрирање на мерењето на интензитетот на ударниот бран. Друга опрема за мерење, вклучително и сензори, е инсталирана на самиот Ту-95В.

Сите тестови се контролирани од подземниот команден пункт во заливот Белушја Губа, 260 км јужно од полигонот. Во близина на местото на експлозијата се наоѓа локалитетот Д-8 со дополнителна опрема за мерење и снимање. Воените бродови, користени како предаватели, помагаат во одржувањето на врската помеѓу командниот пост и Д-8. Бомбата е фрлена од висина од 10,5 км и експлодира на 4 км од земјата, што значително го намалува зрачењето. „Очигледно затоа во филмот се зборува за „чиста хидрогенска бомба“. Но, се разбира, сето тоа е релативно кога станува збор за најмоќната нуклеарна направа на светот“, истакнува новинарот.

Како резултат на експлозијата се формира огнена топка и се гледа палење во радиус од 1000 км, без оглед на облачноста. „Експлозијата е придружена со силен блесок со необична моќност“, вели гласот зад кадарот. За само неколку секунди, дијаметарот на столбот прав што се крева достигнува 10 километри.

Огнената купола се зголемува за 30 км само 40 секунди по експлозијата. Тогаш почнува да се формира облак во форма на печурка, со максимална висина од 60-65 км и дијаметар од 90 километри.

Неколку часа подоцна, научниците со специјално опремен хеликоптер Ми-4 слетуваат во областа на експерименталното поле. Дури и во самиот центар на локацијата, нивото на зрачење е незначително. Потоа, некои од членовите на тимот облекуваат заштитна опрема и се приближуваат до центарот на полигонот. Тука, десетици километри во сите правци, земјата е изгорена и поголемиот дел од снегот испарил.

Бомбата „Иван“ е дете на советскиот генерален секретар Никита Хрушчов, се сеќава авторот, и добива дозвола да се тестира за време на особено „студениот“ период во односите Исток-Запад.

За разлика од „Цар-бомбата“, најголемата нуклеарна направа активирана досега во САД може се нарече 15-мегатонската Castle Bravo. Таа е лансирана над атолот Бикини во Тихиот океан на 1 март 1954 година. Покрај тоа, за разлика од советските тестирања, моќната експлозија се случува поради несреќа предизвикана од грешка во пресметките на конструкторите.

„Нуклеарното оружје, како и досега, е предмет на големо внимание кај денешните руски вооружени сили, а повеќето руски воени авиони се способни да носат нуклеарни бомби. Иако нивните карактеристики остануваат строго доверливи, нивните еквивалентни бомби за обука даваат извесна претстава за нивниот изглед. Емитувањето на овој документарец за епохата на Студената војна е отрезнувачки потсетник за неверојатната деструктивна моќ на нуклеарното оружје“, заклучува авторот.

Прочитајте повеќе: 10 нешта кои не сте ги знаеле за страшната руска Цар-бомба

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња