10 нешта кои не сте ги знаеле за страшната руска Цар-бомба

Станислав Красиљников /
На 30 октомври 1961 година САД ја добиле најјаката порака во Студената војна. Пораката стасала од островот Нова Земја во Арктикот – станува збор за советската термонуклеарна Цар-бомба која имал моќ од 4.000 бомби од Хирошима. Цар-бомбата ги изненадила американските разузнавачки служби и го шокирала светот.

1. Оваа бомба ја добила шифрата АН602 и прекарот „Иван“. Имала и невидени димензии и сила без конкуренција. Имала тежина од неверојатни 27 тони и должина од осум метри.

2. Нејзината експлозивна направа ја развил тим од врвни физичари под водство на Игор Курчатов. Тимот го сочинувале Андреј Сахаров, Виктор Адамски, Јуриј Бабаев, Јуриј Трутнев и Јуриј Смирнов.

3. Датумот на презентацијата бил избран за да се совпадне со датумот на 22 конгрес на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.

Фотографија од приватна архива Фотографија од приватна архива

4. Бомбата ја лансираше пилотот Андреј Дурновцев од авионот Ѕу-95В, посебно прилагоден за оваа џиновска бомба. Бомбата била опремена со падобран за да се забави нејзиното спуштање (до три минути). Благодарение на тоа, пилотот имал време да го напушти подрачјето  на смртоносната експлозија. По успешната мисија Дурновцев станал полковник и Херој на Советскиот Сојуз.

5. Детонацијата на Цар-бомбата предизвикала најголема експлозија во историјата.

6. Притисокот кој настанал на местото на експлозијата изнесувал 211.000 килограми на квадратен метар (20.7 бари) што е десет пати повеќе од нормалниот притисок во автомобилската гума. Силната светлосна енергија која се ослободила можела да се види на оддалеченост од 1.000 километри во облачното нево. Топлотната енергија била толку силна што лице кое се наоѓало на 100 километри од експлозијата би претрпело опекотини од трет степен.

7. Експлозијата на бомбата направила „печурка“ од 64 километри – тоа е отприлика висина на седум планини Еверест. Ударниот бран кршел дебели стакла од прозорци на повеќе од 900 километри од експлозијата. Доколку Цар-бомбата експлодирала под земја, сеизмичкиот ефект би изнесувал 7.1 степен според Рихтеровата скала.

8. Универзитетите и опсерватории во Франција, Велика Британија, Јапонија, САД и во други делови на светот забележале потреси како последица на експлозијата. Во неколку светски метрополи се одржани бројни протести против овој изум.

9. Белата куќа реагирала брзо. Претседателот Кенеди во својата изјава рекол: „Сегашниот американски нуклеарен арсенал е супериорен во однос на арсеналот на која било друга земја. Соединетите Американски Држави имаат доволно воена моќ да ја уништат секоја нација која сака да започне нуклеарна војна“.

10. Поради огромната величина бомбата АН602 не била за оперативна употреба во хипотетичка војна помеѓу САД и СССР. Советските раководители го знаеле тоа. Тие оваа бомба ја создале за научни и за пропагандни цели. Освен тоа, СССР со ова ја ставил под знак прашање технолошката супериорност на САД.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња