Америка се присетува на тестирањето на советската супербомба

Модел на термонуклеарната бомба АН602, предаден на Сојузниот нуклеарен центар „Саров“ (РФНЦ-ВНИИФ), на изложбата „70 години нуклеарна индустрија. Верижна реакција на успех” во Манеж во Москва.

Модел на термонуклеарната бомба АН602, предаден на Сојузниот нуклеарен центар „Саров“ (РФНЦ-ВНИИФ), на изложбата „70 години нуклеарна индустрија. Верижна реакција на успех” во Манеж во Москва.

Станислав Красиљников/TASS
Американските експерти повторно се навраќаат на темата на тестирањето на термонуклеарната бомба со сила од 50 мегатони која Советскиот Сојуз ја изврши 1961 година. Америка ја доживеа експлозијата на оваа бомба како симбол на безумието на Студената војна.

Магазинот „Национален Интерес“ му посвети на овој настан од пред половина век цела статија со огромен наслов „Најмоќната руска атомска бомба можеше со еден удар да го уништи Лос Анѓелес“.

„Секој кој би се нашол во радиус од 80 километри од епицентарот на експлозијата би се здобил со изгореници од трет степен. Оваа бомба беше три илјади пати посилна од онаа фрлена на Хирошима“, со такви застрашувачки изјави почнува наведената статија.

Па сепак, за разлика од САД, Советскиот Сојуз не го тестираше своето оружје во градовите. Како што е познато, „Цар-бомбата“ е фрлена на нуклеарниот полигон „Сухој нос“ (архипелагот Нова Земја).

Мисијата му беше доверена на мајорот Андреј Дурновцев. Тој беше командир на бомбардер Ту-95 „Мечка“ во која едвај беше сместен овој проектил со „монструозни размери“.

Бомбата беше долга речиси 8 метри, а во пречник имаше повеќе од 2 метра.

Бомбардерот „Мечка“ леташе во придружба на авион Ту-16 „Барсук“.

Бомбата беше фрлена со падобран за да се забави нејзиниот пад. Како што се објаснува во статијата, со тоа им е дадена шанса на авионите да „избегаат“ од епицентарот на експлозијата.

Од висина од 4000 метри бомбата паѓаше три минути.

„Ударниот бран ги искрши прозорците во радиус од преку 800 километри“, се наведува во статијата. Сведоците го видоа блесокот низ дебелиот слој облаци иако беа оддалечени околу 1000 километри од местото на експлозијата“.

Нуклеарна печурка „врасна“ во стратосферата.

„Американците сакаат да го наведуваат тоа како пример колку безумна беше Студената војна и колку безумни беа Русите. Русите, како што се чини, се гордеат со тоа“, го цитира наведеното издание историчарот на  Технолошкиот институт „Стивенс“ Алекс Велерштајн.

Притоа во САД се истакнува дека „Цар-бомбата“ спаѓала меѓу „најчистото“ атомско оружје, т.е. контаминацијата на природната средина од оваа експлозија била минимална.

Прочитајте повеќе: 10 нешта кои не сте ги знаеле за страшната руска Цар-бомба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња