Еден од главните симболи на Русија со векови е стариот „стражар“ кој го „чува“ Кремљ и рускиот претседател – Топот-цар кој всушност претставува најголем руски мерзер кој некогаш бил направен.
Од бронза го има излиено најголемиот мајстор за производство на топови и камбани Андреј Чохов во 1586 година за време на владеењето на третиот син на Иван Грозни. Должината на топот изнесува 5.34 метри, со пречник на цевката од 120 сантиметри и со маса од речиси 40 тони.
Сите сме навикнале да го видиме овој топ како „седи“ на прекрасна лафета декорирана со орнаменти, со ѓулиња кои се наредени покрај него. Но, и лафетата и ѓулињата се направени дури во 1835 година. Згора на тоа Топот-цар не можел да користи таква муниција ниту тогаш, ниту сега.
Сѐ дури моменталниот назив на ова оружје не се усталило, тоа било познато како „руска сачмарка“ (во оригинал „Дробовик российский“). Ова е поблизу до вистината зашто топот бил наменет да се употребува за картеча (сачма со камено јадро со вкупна маса од 800 килограми). Наменет, но никогаш не ја користел.
Но, легендата вели дека топот еднаш испукал, и тоа кога била испукана правта на Лажниот Дмитриј (во правец на Полска од каде што дошол Лажниот Дмитриј за да ја преземе власта во Русија – заб. прев.).
До денешен ден овој топ го краси центарот на руската престолнина и со својот импозантен изглед ја покажува силата на руското оружје на странските амбасадори и на гостите на градот.
На почетокот на 2017 година новиот американски претседател Доналд Трамп нареди најголемата американска бомба позната под ознаката GBU-43 да се фрли врз терористите во Авганистан. Колоквијално се нарекува „мајка на сите бомби“. Но, во рускиот арсенал постои аналог под официјален назив „Вакуумска авиобомба со зголемена сила“, или накусо „татко на сите бомби“.
Разорната моќ на рускиот „тате“ може да се спореди со нуклеарните боеви глави. Но, за разлика од нив не остава зад себе радиоактивен облак, и тоа благодарение на таканаречената „волуметриска експлозија“.
„Боеви глави од овој тип, но со помала сила, се користени во разни војни барем половина век. Така со нив Американците ги чистеа џунглите во Виетнам онаму каде што имаа намера да десантираат хеликоптери, а ги разоруваа и пештерите на Тор Бора во Авганистан“, вели за Russia Beyond-Македонија Вадим Козјулин, професор на Воената академија.
Во носот на руската бомба се наоѓа уред кој при испукувањето „прска“ експлозив во самото полнење. Во овој случај „прскањето“ се одвива во момент кој го определува оној што ја наведува бомбата.
„Аеросолите се конвертираат во смеса која експлодира со помош на запалка. Бомбата создава ударен бран кој формира воздушен вакуум во зоната на експлозијата. Благодарение на падот на притисокот, сите објекти во епицентарот на експлозијата буквално пукаат однатре – без разлика дали станува збор за луѓе, опрема, фортификации или други непријателски мети“, го објаснува експертот принципот на дејствување на ова оружје.
Во 1913 година рускиот научник Игор Сикорски го направи С-21 „Руски витез“ првиот меѓу најголемите авиони на светот создаден во Русија. Неговата главна карактеристика се четири мотори сместени во низа на крилата. Во тоа време се сметало дека правењето ваков авион е невозможно.
Димензиите на „Руски витез“ биле толку импресивни што извештаите за неговите летови биле отфрлани како лага. На 2 август 1913 година „Руски витез“ поставил светски рекорд во траење на летот (еден час и 54 минути) – тоа бил првиот од многуте домашни рекорди во аеронаутиката. Врз база на С-21 истата година е направен и прочуениот С-22 „Иљја Муромец“ – првиот повеќемоторен бомбардер на светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче