За што служат мистериозните „запци“ на врвот на компензаторот на новата автоматска пушка АК-12?

Youtube

Помошникот на директорот во секторот за производство на оружје во рамките на концернот „Калашников“ Виктор Копитцев, му ги претстави на интернет-порталот РИА „Новости“ новите карактеристики што ќе ги има автоматската пушка АК-12.

Имено, конструкторот рече дека на врвот на цевката се монтирани специјални „запци“ во вид на круна, кои се наменети за припадниците на специјалните единици и кои можат да се користат за неколку намени.

Така, според Копитцев, овој додаток му помага на борецот при енергичен упад да скрши стакло на објектот кој е цел на нападот, или стакло на борбено транспортно средство. Овој додаток може да се користи и провлекување под бодликава жица. Во „запците“ во вид на круна се фаќа бодликавата жица која се фиксира токму на средината на пушчената цевка. Ова му овозможува на стрелецот со истрелување да ја неутрализира оваа пречка.

Неодамна се дозна дека Министерството за одбрана на РФ ги примило во вооружувањето новите автоматски пушки АК-12 и АК-15 кои ќе бидат интегрален дел од борбеното-тактичкиот комплет на војникот на иднината „Ратник“. Првиот контингент нови пушки влезе во вооружувањето кон крајот на минатата година.

Погледнете како се тестира прецизноста на новата автоматска пушка АК-203 (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња