ЦНИИточмаш го претстави новиот компактен пиштол „Полоз“ со калибар 9х19 мм, направен врз основа на конструкцијата на пиштолот „Удав“ кој инаку користи малку посилна муниција со калибар 9х21 мм. Ова во петокот го соопшти информативната служба на концернот „Ростех“ повикувајќи се на изјава на генералниот директор на компанијата ЦНИИточмаш Алберт Баков.
„Претставениот компактен модел на пиштолот е по димензии помал и полесен од воената верзија и може да биде употребен како оружје за скриено носење. Модуларната конструкција на оружјето овозможува замена на ракофатот без замена на основните делови на пиштолот, што овозможува употреба на рамки со различни капацитети на муниција. Тој е удобен, сигурен и компактен, што е многу важно за припадниците на оперативните служби“, ги пренесуваат од корпорацијата „Ростех“ зборовите на директорот Баков.
Како што прецизираат од информативната служба на корпорацијата, новиот пиштол е наменет за оперативно и прикриено носење, што е особено важно за припадниците на МВР и Росгвардија, пренесува веб-порталот ТАСС.
Ефективниот дострел на пиштолот е 50 м, работниот температурен опсег се движи од – 50 до + 50 степени Целзиусови. Користи муниција 9х19 мм која се наоѓа во стандардната опрема на Федералните органи (ПФО), вклучувајќи и куршум со калибар 9х19 мм со јадро од полн челик. Капацитетот на рамката се движи во распон од 15 до 18 куршуми. Вкупниот ресурс на оружјето е проценет на најмалку 10000 испукани куршуми.
Работата над новиот пиштол „Полоз“ е реализирана врз основа на интензивна опитно-конструкторска работа на руските стручњаци. На Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2020“ овој пиштол ќе му биде претставен на поширокиот аудиториум. Ќе биде изложен на штандот на државната корпорација „Ростех“, но и практично претставен на мултифункционалното стрелиште на паркот „Патриот“.
Претставници на државната корпорација „Ростех“ на 5 август годинава соопштија дека започнало сериското производство ан новиот пиштол „Удав“ со калибар 9x21 мм. Ефективниот дострел на армиската верзија на пиштолот е 100 м. Во состојба е да пробие индивидуална балистичка заштита на далечина од 75 м. Пиштолот работи во температурен опсег од - 50 до + 50 степени Целзиусови. Масата на пиштолот со празна рамка е само 780 г. Должината на пиштолот е 206 мм, а висината 145 мм. Капацитетот на рамката е 18 куршуми со калибар 9x21 милиметри. Гарантниот ресурс е 10000 испукани куршуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче