Руската вакцина ќе штити од COVID-19 најмалку две години

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Вакцината, создадена во Научноистражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Н. Ф. Гамалеја“, ќе биде ефективна против коронавирусот во период од две години. Ова го најави шефот на истражувачкиот институт Александар Гинцбург.

„Трајноста на вакцината, нејзините заштитни својства нема да траат краток период од шест месеци или една година, туку најмалку две години“, истакна Гинцбург во емисијата „60 минути“ на ТВ-каналот „Русија 1“, пренесува „Росијскаја газета“.

На 11 август Русија беше првата земја во светот која регистрира вакцина против коронавирус. Развојот траеше 5 месеци.

Прочитајте повеќе: Што се знае за првата регистрирана вакцина за КОВИД-19