Ќерка на Путин ја испроба на себе првата руска вакцина против коронавирус

Xinhua/Global Look Press
Во Русија е регистрирана првата вакцина на светот која спречува инфекција на коронавирусот. Путин: „Мене тоа ми е добро познато, затоа што една моја ќерка ја прими таа вакцина. Се чувствува добро и нивото на антитела е високо“.

Претседателот на РФ Владимир Путин соопшти дека една негова ќерка учествувала во тестирањето на руската вакцина против коронавирус и се чувствува добро.

Шефот на руската држава во вторникот на состанокот со владата истакна дека првата регистрирана вакцина против коронавирусот формира стабилни антитела и имунитет на ниво на клетка.

„Мене тоа ми е добро познато затоа што една моја ќерка ја прими таа вакцина и во таа смисла зеде учество во експериментот“, рече Путин. Според него, по првата доза температурата на телото се качила на 38 степени, а утредента била малку над 37. „И тоа е сé.  По втората доза, второто боцкање, температурата повторно малку порасна, но брзо помина сé. Таа се чувствува добро и нивото на антитела е високо“, рече рускиот претседател.

Рускиот лидер истакна дека „многу луѓе воопшто немаат никаква надворешна реакција“ ниту покачена температура по вакцината, „сé тече како ништо ни да не правеле“.  

Претходно на состанок Путин соопшти дека во вторник во Русија ќе биде регистрирана првата вакцина на светот која спречува инфекција од коронавирус. Според министерот за здравство на РФ Михаил Мурашко, се работи за вакцина направена во Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Н. Ф. Гамалеј“.

Претседателот на Русија има две ќерки - Марија (1985) и Катерина (1986).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња