На воен полигон во Астрахањската област е изведена воена вежба во која учествуваа единиците за противелектронска борба кои се наоѓаат во рамките на Јужниот воен округ (ЈВО), пренесува официјалниот веб-портал на руското Министерство за одбрана,
Воената вежба по својот карактер претставува специјална активност во која е проверена борбената готовност на единиците за противелектронска борба со цел заштита на војската и стратешките објекти од беспилотни летала на потенцијалниот непријател.
Специјалистите за противелектронска борба притоа применија тактика на ешалонирана кружна обрана на сите единици и објекти кои се наоѓаа во зоната на нивниот одбранбен „чадор“. Текот на вежбата ги потврди високата ефикасност и сигурноста на системите за противелектронска борба кои учествуваа во оваа активност, како и обученоста на кадарот.
Во текот на вежбата со помош на комплексот „Борисоглебск-2“ е успешно неутрализирано беспилотно летало кое се наоѓаше на висина од 1000 м. Тоа падна на земја откако беше прекинат каналот за комуникација со операторот кој управуваше со ова беспилотно летало. Исто така беа успешно реализирани и присилни приземјувања на неколку беспилотни летала-квадкоптери.
Руската армија будно ги прати новите светски трендови кои се јавуваат во современите конфликти ширум светот, каде сé повеќе доаѓа до употреба на беспилотни летала од различен тип – од извидувачки, ударни, а во последно време и таканаречени „камикаѕе“ дронови кои се многу едноставни за изработка, евтини и убојни. Најновите достигнувања, кога станува збор за тактика на одбрана против овие „летечки напасници“, на дневно ниво се имплементираат во единиците за противелектронска борба, со што се зголемува нивната севкупна борбена готовност, како и самиот квалитет. Конечно, праксата докажа дека најефикасни системи во борбата против беспилотните летала се токму системите за противелектронска борба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче