„Комуна“
Public domainПроектот на помошниот брод е развиен 1911 година во фабриката „Путиловски“. Откако победува на конкурсот на 5 мај 1912 година, потпишан е договор за изградба. По три години во Путиловското бродоградилиште е завршена изградбата на бродот. Во производството на пловилото е користен Сименс Мартинов челик. Трупот на „Комуне“ и денес е добро сочуван. Според податоците до кои во истражувањето дојдоа експерти на „Роскосмос“, високите антикорозивни својства на челикот од кој е направен трупот на „Волхов“ се добиени благодарение на брунирањето во текот на изградбата.
Откако влегува во составот на флотата, пловилото служеше во Ревал и се користеше како пловна база за подморниците. Превезуваше резервни торпеда, гориво, обезбедуваше кабини за морнарите-подморничари. Во јуни 1917 година „Волхов“ првпат ја крева подморницата АГ-16 во близина на Аландските острови.
„Волхов“ спуштен во вода на 17 ноември 1913.
Public domainЗа време на Втората светска војна „Комуна“ е во состав на Балтичката флота и обезбедува ремонт на подморници.
Пловилото во 1967 година е префрлено од Кронштат во Севастопол. „Комуна“ е денес во составот на Црноморската флота. По извршената модернизација, носи подводен робот Seaeye Panther Plus и ден-денес се наоѓа во борбен строј.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче