Русите во оперативна служба го воведуваат ремонтираниот брод „Комуна“, направен пред 103 години

Сергеј Анашкевич/Sputnik

Во ремонтниот завод во Севастопол се завршува техничката подготовка на најстариот брод на светот „Комуна“ кој наскоро треба да излезе на отворено море. Бродот-катамаран, кој овој јули наполни точно 103 години, успешно го помина ремонтот, а екипажот ги заврши сите подготовки за организација на неговата понатамошна експлоатација.

„Неговата идна служба ќе биде поврзана со истражување на морското дно, каде овој брод ќе им помага на подводниот пребарувачко-спасувачки апарат АС-28 и операторите на беспилотниот длабоководен комплекс „Пантер Плус“, соопштуваат од информативната служба на Јужниот воен округ, пренесува РГ.

„Комуна“ во јануари учествуваше во посебен комплет специјални активности каде беше проверувана неговата способност за ефикасно вмрежување со софистицираните подводни машини од понова генерација. Тогаш мобилниот теледиригиран подводен комплекс „Пантер Плус“ беше спуштен на длабочина од 40 метри и потоа самостојно го пребара морското дно на длабочина од 1000 метри. Управувањето со овој комплекс беше остварено од управувачкиот пункт со оператори кој е интегриран на „Комуна“. За пребарување на морското дно беспилотниот длабоководен дрон користеше хидролокатор со кружно набљудување со ефективен домет од 300 метри.

Покрај тоа, „Пантер Плус“ е способен да понесе и до 105 килограми различен товар. Во декември минатата година рускиот длабоководен подводен дрон учествуваше во операцијата за потрага по аргентинската подморница „Сан Хуан“.

Потсетник

Катамаранот-спасувач „Комуна“ (првото име му беше „Волхов“), почна да се гради на 12 ноември 1912 година каде по две години (14 јули 1915) влезе во составот на Балтичката флота. Две години подоцна учествуваше во извлекувањето на потопената британска подморница АГ-15 кај Оландските острови. Во текот на Втората светска војна „Комуна“ го обезбедуваше ремонтот на подморниците од класата „Маљутка“. Во 1967 година бродот премина од Кронштат во Севастопол, каде продолжи да служи во состав на пребарувачко-спасувачката служба на Црноморската флота.

Прочитајте повеќе: Дали знаевте дека руската морнарица има свој диносаурус?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња