ВИДЕО: Како во Русија транспортираат авиони... во авиони?

Скриншот
Воено-транспортен авион Ан-22 „Антеј“ на руските Воздушно-космички сили (ВКС) превезе ловец МиГ-29 од Подмосковјето до воздухопловната база „Мигалово“ во Твер. Руското Министерство за одбрана објави видео од необичниот лет.

„Авионот е транспортиран расклопен. Крилата и опашката се поставени на страна со помош на стандарден кран Ан-22, трупот е фиксиран во товарниот простор на џиновскиот транспортен авион“, велат од министерството, пренесува „Росијскаја газета“.

Во „Мигалово“ ловецот МиГ-29 одново ќе биде склопен од тамошните стручњаци. Авионот, доставен преку воздух, ќе биде монтиран на територијата на Тверската воена школа.

Ан-22 „Антеј“ е најголемиот на светот турбоелисен авион. Распонот на крилото му е 64 м, полетната маса 227 тони, а полезниот товар 80 тони. Го движат четири мотори НК-12 со осум шестметарски пропелери. Стратешкиот бомбардер Ту-95 е опремен со истиот погон.

Погледнете го и ова видео: Русите испробаа супертежок транспортер кој може да носи речиси 300 падобранци!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња