Русите испробаа супертежок транспортер кој може да носи речиси 300 падобранци! (ВИДЕО)

Youtube
Се работи за најголемиот турбоелисен воено-транспортен авион на светот кој ја носи ознаката Ан-22 „Антеј“. Џиновското летало е тешко 205 тони, додека неговиот распон на крилата достигнува 64 метри. Максималниот долет на леталото (полн капацитет) е 5 илјади километри. Леталото го движат четири турбоелисни мотори НК-12МА кои вкупно генерираат 60 илјади коњски сили.

Телевизискиот канал „Ѕвезда“ објави видеоматеријал кој го прикажува полетувањето на најголемиот турбоелисен авион на светот Ан-22 „Антеј“. Воената вежба со учество на овој авион е реализирана во воздухопловната база на воено-транспортната авијација од составот на ВКС на руската армија (Тверска област), соопшти информативната служба на Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Екипажот на тешкиот авион за време на летот вежбаше разни типични и атипични ситуации што може да се појават при употребата на овој авион. Сценариото на вежбата вклучуваше ситуации како што се ненадејно откажување на радиоврската, потоа на елементи во системот за управување со леталото, како и потенцијални проблеми со моторите. Полетувањето е изведено во услови на целосна облачност, проследена со слаб дожд. На видеото се гледа сегмент од вежбата во кој еден од моќните турбоелисни мотори НК-12МА е надвор од функција. Овие мотори произведуваат сила од 15 илјади „коњи“, додека нивната елиса во пречник достигнува шест метри.

Антонов Ан-22 „Антеј“ (рус. Антонов Ан 22 „Антей“) е четиримоторен турбоелисен тежок транспортен авион со носивост од 60 тони. Конструиран е во Воздухопловниот научно-технички комплекс „Антонов“ во Киев. Наменет е за превоз на тежок товар со големи габарити, како и на воздушно-десантните сили на руската армија. На пример, еден „Антеј“ во својот транспортен отсек може да превезува 290 падобранци или 80 тони товар.

Тоа е првиот советски авион со широк труп и најголем турбоелисен авион во светот. Гигантското летало тежи 205 тони, додека неговиот распон на крилата достигнува 64 метри. Максималниот долет на леталото (полн капацитет) е 5 илјади километри. Екипажот на авионот се состои од 5-7 лица. Според расположливите извори, во моментов руските ВКС имаат четири летала од овој тип (три оперативни, едно во резерва). Покрај руската армија, Ан-22 „Антеј“ поседуваат и Украинците (еден оперативен, еден во резерва). Овој авион ја имаше својата светска премиера на аеромитингот во Ле Бурже на 15 јуни 1965 година. Во временскиот период од 1965-1975 година во неколку производствени циклуси беа комплетирани вкупно 68 авиони Ан-22 и Ан-22А. Авионот е проектиран како стратешки транспортер, дизајниран значително да го зголеми советскиот десантен потенцијал (можност за транспорт на поголем број на тогашните основни борбени десантни возила БМД-1).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња