На Крим почнува изградбата на руските „Мистрали“

Слободан Ѓукиќ
Русија првпат во својата историја гради носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“.

„Церемонијата за почеток на изградбата ќе биде одржана во керченското бродоградилиштве „Залив“, соопшти за агенцијата РИА „Новости“ извор во бродоградежништвото.

Се работи за два универзални десантни брода од проектот 23900. Засега не се прецизирани нивните тактичко-технички карактеристики – тоа ќе биде направено по церемонијата.

Познато е дека главниот брод ќе го носи името „Севастопол“.

Според податоците од достапни извори, носач на хеликоптери од проектот 23900 ќе има депласман од 25000 тони. Се претпоставува дека ќе чини преку 40 милијарди рубли. Главниот брод од оваа серија ќе биде завршен најдоцна до 2027 година. На него ќе можат да се базираат хеликоптери Ка-52К „Катран“, Ка-27, Ка-29 и Ка-31.

Покрај борбени хеликоптери, овие бродови ќе добијат и сериозно вооружување за сопствена заштита. Тоа можат да бидат противвоздухопловни ракетно-топовски системи „Панцир-М“ и артилериско орудие А-190 со калибар 100 милиметри.

Првично „Рособоронекспорт“ во 2011 година склучи договор со француската компанија DCNS/STX за испорака на два носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“ во вредност од 1,2 милијарди евра. Изградбата на бродовите „Севастопол“ и „Владивосток“ почна во 2012 и 2013 година. Меѓутоа, договорот беше раскинат поради настаните во Украина 2014 година и воведувањето на санкциите против Русија. На крај тие бродови беа продадени на Египет, кој ги стави во арсеналот на својата воена морнарица.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња