Русија започнува да гради на Крим носачи на хеликоптери

Францускиот носач на хеликоптери (мистрал) „Диксмуде“

Францускиот носач на хеликоптери (мистрал) „Диксмуде“

Zhang Qian/ZUMAPRESS.com/Global Look Press
Изградбата на два универзални бродови-носачи, пандани на француските носачи на хеликоптери „Мистрал“, ќе започне во Керч во 2020 година.

„Засега е донесена одлука за изградба на два брода, а подоцна серијата може да биде проширена”, изјави за РИА „Новости“ извор од руската воена индустрија.

Планирано е Руската морнарица да ги прими бродовите во 2025 и 2026 година.

Претходно, упатен извор изјави за РИА „Новости“ дека новите универзални носачи ќе можат да сместат 12-16 хеликоптери.

Договорот за испорака на два носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“ вреден 1,2 милијарди евра првично беше склучен помеѓу француската компанија DCNS/STX и „Рособоронекспорт“ во 2011 година. Првиот брод Франција требаше да го испорача во ноември 2014 година, но поради настаните во Украина и воведувањето санкции против Русија, претседателот Франсоа Оланд реши да го раскине договорот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња